ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

Воннаставни активности

  • Ден на англискиот јазик 2026

    Ден на англискиот јазик 2026

    На 23 април 2026 година, нашите ученици на покана на Младинскиот Културен Центар – МултиКулти од Куманово учествуваа во одбележување на Денот на англискиот јазик преку работилница со наслов Language Carousel- Meet the Americans.


  • Светски ден на книгата 2026

    Светски ден на книгата 2026

    На 23 април 2026 година, по повод Светски ден на книгата, ученици од нашето училиште, на покана од Библиотека „Тане Георгиевски“ Куманово, реализираа интерактивна работилница посветена на двајцата книжевни великани – Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, под менторство на наставниците по македонски јазик и литература.


  • Одбележување на Денот на планетата Земја 2026

    Одбележување на Денот на планетата Земја 2026

    По повод Денот на планетата Земја, ученици од нашето училиште учествуваа на настан што се одржа во Занаетчиски дом, на покана на Здружението на писатели – Книжевен клуб Куманово.


  • Меѓународен саем на органски и традиционални производи ,,ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2024″

    Меѓународен саем на органски и традиционални производи ,,ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2024″

    ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ” по традиција, и оваа година учествуваше на седмиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи ,,ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2024″ и третиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки ,,АГРО МАК 2024″ . Учениците и наставниците од земјоделско-ветеринарна струка направија прекрасен спој на традиционална и модерна македонска трпеза.…


  • Маскенбал „Батко Ѓорѓија” 2024

    Маскенбал „Батко Ѓорѓија” 2024

    На 15.06.2024 ДСУ-РЦСОО„Киро Бурназ“ зеде учество на дваесетото јубилејно издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија”, во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово. Нашето училиште ДСУ- РЦСОО „Киро Бурназ” настапи со маската ,,АНГЕЛИ“ изработена од учениците и наставниците од нашето училиште.Маскенбалот годинава имаше ревијален карактер, а на истиот…


  • Учество на МАССУМ 2024

    Учество на МАССУМ 2024

    Учениците од ДСУ -РЦСОО ” Киро Бурназ ” Куманово и оваа година учествуваа на манифестацијата „Средношколско рандеву“ организирано од МАССУМ која се одржа во Радовиш на 10 Мај 2024 година. Учениците со своите ментори се натпреваруваа во повеќе дисциплини: поетска творба, баскет, серва, најдобра фотографија и најдобар штанд. Честитки за…


  • Учество во проектот “Безбедност во сообраќајот”

    Учество во проектот “Безбедност во сообраќајот”

    На ден 27.04.2024 година, нашето училиште зеде учество во проектот „Безбедност во сообраќај” на тема „Научи – Положи – Биди одговорен, кажи: СТОП на сообраќајни незгоди!” организиран од СВР Куманово и ОСБСП Куманово.Во силна конкуренција, нашата ученичка Меланија Миленковска од IV-1 клас, под менторство на професорот Стефан Бранковиќ, освои второ…