ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ” по традиција, и оваа година учествуваше на седмиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи ,,ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2024″ и третиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки ,,АГРО МАК 2024″ .
Учениците и наставниците од земјоделско-ветеринарна струка направија прекрасен спој на традиционална и модерна македонска трпеза.
Нашата трпеза е навистина богата, разновидна и највкусна. Тоа го покажаа учениците и нивните ментори од хемиско-технолошка струка со учество во гастрономска манифестација ,, ДОЈДИ МИ НА ТРПЕЗА”.
Доказ дека навистина вредно работиме на полето на стручното образование и соработката со бизнис заедницата е добиеното признание на денешната манифестација за долгогодишно партнесрство и едукација во агробизнисот.
Манифестацијата ја организираше Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина ,,Живот” и Комората на органски производители – Куманово.



