На 23 април, по повод Светски ден на книгата, ученици од нашето училиште, на покана од Библиотека „Тане Георгиевски“ Куманово, реализираа интерактивна работилница посветена на двајцата книжевни великани – Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, под менторство на наставниците по македонски јазик и литература.
Преку разговор и креативни активности, учениците се доближија до магијата на пишаниот збор и го истражија нивното творештво како темел на модерната книжевност.
Со оваа активност уште еднаш ја потврдивме вредноста на книгата како мост што ги поврзува културите, времињата и генерациите.
Голема благодарност до Библиотека „Тане Георгиевски“ за поканата и укажаната чест.


