На ден 27.04.2024 година, нашето училиште зеде учество во проектот „Безбедност во сообраќај” на тема „Научи – Положи – Биди одговорен, кажи: СТОП на сообраќајни незгоди!” организиран од СВР Куманово и ОСБСП Куманово.
Во силна конкуренција, нашата ученичка Меланија Миленковска од IV-1 клас, под менторство на професорот Стефан Бранковиќ, освои второ место и ваучер вреден 10000 денари.