Маскенбал „Батко Ѓорѓија” 2024

На 15.06.2024 ДСУ-РЦСОО„Киро Бурназ“ зеде учество на дваесетото јубилејно издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија”, во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово. Нашето училиште ДСУ- РЦСОО „Киро Бурназ” настапи со маската ,,АНГЕЛИ“ изработена од учениците и наставниците од нашето училиште.
Маскенбалот годинава имаше ревијален карактер, а на истиот учествуваа 15 групни маски со преку 500 учесници.
„Ангелите” излегоа последни и заблескаа со својата убавина, ширејќи ги нивните бели раскошни крилја ја покажаа својата кореографија пред публиката на Градскиот плоштад.
Нивниот настап беше награден со огромен аплауз од публуката и позитивни критики од случајните минувачи. Горди на нашето училиште! Одиме понатаму!