ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

massum1

Образовно Рандеву 2026

ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово зеде учество на Образовно Рандеву 2026, во организација на МАССУМ кој се одржа во Богданци од 23-24 април.

👉 Настан што ги поврзува учениците од средното стручно образование во нашата држава и настан на кој што учествуваме со задоволство, бидејќи секоја година нè потсетува колку потенцијал има во нашите ученици.

Учениците со своите ментори се натпреваруваа во повеќе дисциплини : Поетска творба, Пинг-понг, Серва, Баскет, Најдобра фотографија, Најдобар штанд и дадоа се од себе во најдобро светло да го претстават своето училиште.

🍀🏅Честитки за учениците и нивните ментори за освоеното III место во дисциплина Најдобар штанд и II место во дисциплина Серва.