На 23 април 2026 година, нашите ученици Стефанија Арсовска, Александар Стојановски, Давид Илиевски (II-6) и Марио Додевски (III-7) придружувани од наставникот по англиски јазик, Александра Димковска, на покана на Младинскиот Културен Центар – МултиКулти од Куманово учествуваа во одбележување на Денот на англискиот јазик преку работилница со наслов Language Carousel- Meet the Americans.
Преку интерактивен „carousel“, учениците имаа можност да зборуваат на англиски со изворни говорници, да се запознаат со американската култура и начин на живот, да разменат искуства и перспективи, разбиваат предрасуди, дискутираат за разликите помеѓу јазиците и културите и да се доближат до англискиот јазик на еден поинаков, практичен начин.
Голема благодарност до МултиКулти за поканата како и до волонтерите од Американскиот мировен корпус за енергијата, отвореноста и инспирацијата!



