Проектот СУПЕРУЧИЛИШТА финансиран и поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO) со наслов „Храната во хармонија со природата“ се реализира со партнерска соработка помеѓу Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од Куманово и Угоститељско-прехранбена школа Чачак, Република Србија. Основните цели на проектот се интеркултурно учење и градење мир, како и размена на искуства, обичаи и навики во животот на младите кои доаѓаат од две различни земји кои имаат многу разлики, но и сличности. Дополнително, во фокусот на проектот е стекнување знаења, искуства и навики за зачувување на природата, органско производство на храна и одржлив развој.
Во рамките на втората размена организирана во период од 23 Февруари – 1 Март 2025 година, домаќин беше ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ од Куманово, а учество земаа 14 ученика и 2 наставника од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ и 14 ученика и 2 наставника од Угоститељско-прехранбена школа Чачак.
Според однапред утврден план на активности и агенда одобрена од RYCO, учениците и наставниците зедоа учество во бројни активности:
- Авто портрет
- Две вистини и лага за мене
- Животот во Северна Македонија – култура, обичаи и навики
- Сликарска работилница (тема: екологија, одржлив развој и заштита на природата)
- Конфликт и мир во нашата заедница
- Проект Граѓанин – поттикнување на граѓанскиот активизам кај младите
- Садење дрвја на пријателство
- Посета на локалната џамија во Куманово – учење за религијата и културата
- Посета на меморијалниот комплекс и музејот Зебрњак – последиците од војните и помирување меѓу народите
- Посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски – учење за религијата и културата
- Посета на фарма за органско производство на јајца
- Предавање: Органски суровини и компоненти за изработка на црни и бели печива
- Кулинарска работилница: Изработка на печива од бело и интегрално брашно, сензорна и органолептичка анализа на производите
- Спортки активности: Јајца во гнездо, 10-мина во редица
- Сите наши заеднички особини
- Kahoot квиз на тема историја, географија, култура
- Проштална забава
Покрај задолжителните активности, учениците имаа можност да се запознаат и стекнат нови пријателства со своите врсници од Србија. Настанот помина во извонредна позитивна атмосфера, на големо задоволство на сите учесници и во целост ги исполни сите предвидени цели на проектот.
