На свечена церемонија одржана на 23-ти септември 2025 година во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) – Скопје, беа промовирани училиштата што се здобија со назив „Суперучилишта“ на четвртиот повик за апликации на проектот финансиран од од ЕУ и германската влада, а имплементиран од GIZ и RYCO. Со особено задоволство објавуваме дека ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ втора година по ред се здоби со честа да биде Суперучилиште во програмата за долгорочно партнерство со Прехранбено угостителското училиште од Чачак, Република Србија.
На церемонијата беа потпишани договорите за имплементација на проектот од страна на директорите и претставени програмите за работа од страна на координаторите на проектите. Овогодинешните активности ќе се фокусираат на градење мир, толеранција и меѓукултурна соработка преку взаемно истражување на кулинарските традиции на тема „Сподели оброк – обликувај ја иднината“. Учество ќе земат по 15 ученици од двете партнер училишта кои ќе го промовираат лидерството на младите и моделираат соживотот низ разликите.





