Прва размена на ученици и наставници во рамки на проектот СУПЕРУЧИЛИШТА

Проектот СУПЕРУЧИЛИШТА финансиран и поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO) со наслов „Храната во хармонија со природата“ се реализира со партнерска соработка помеѓу Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од Куманово и Угоститељско-прехранбена школа Чачак, Република Србија. Основните цели на проектот се интеркултурно учење и градење мир, како и размена на искуства, обичаи и навики во животот на младите кои доаѓаат од две различни земји кои имаат многу разлики, но и сличности. Дополнително, во фокусот на проектот е стекнување знаења, искуства и навики за зачувување на природата, органско производство на храна и одржлив развој.
Во рамките на првата размена организирана во период од 24 – 30 Ноември 2024 година, домаќин беше Угоститељско-прехранбена школа Чачак, а учество земаа 14 ученика и 2 наставника од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“. Според однапред утврден план на активности и агенда одобрена од RYCO, учениците и наставниците зедоа учество во бројни активности:

  • Групни правила
  • Запознавање со културата, обичаите и навиките во Србија
  • Тим билдинг
  • Изработка на мурал на тема „Мир“
  • Бариери во дијалогот
  • Посета на Меморијалниот парк во Чачак
  • Посета на манастирите во областа Овџар Бања
  • Ненасилна комуникација
  • Дрво на конфликт/ решение
  • Контроверзни проблеми
  • Јас имам сон
  • Интеркултурно учење
  • Предавање на тема „Органско производство и конзервирање на храна“
  • Садење на овошни насади
  • Подготовка на српски специјалитети за јадење
  • Проштална забава
    Покрај задолжителните активности, учениците имаа можност да се запознаат и стекнат нови пријателства со своите врсници од Србија. Настанот помина во извонредна позитивна атмосфера, на големо задоволство на сите учесници и во целост ги исполни сите предвидени цели на проектот.