Посета од делегација на ЕУ, МОН и ЦОВ

На 4 Септември 2024 година во посета на ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ” беа претставници од ЕУ, Лиза Рустико, кантри менаџер од Европска фондација за обука -ЕТФ и Олга Бороданкова од ЕУ делегација за образование и млади, како и претставници од Министерство за образование и наука и Центар за образование на возрасни од Репулика Северна Македонија.
Целта на посетата беше да се запознаат со работата на Регионалниот центар, процесот на Валидација на неформалното и информалното учење и Учење преку работа кај работодавач.
При самата посета присутните изразија големо задоволство од постигнатите резултати на Регионалниот центар, бројот на запишани ученици, како и соработката со бизнис секторот.
Беа најавени нови планови за во иднина, а на учениците и наставниците им посакаа среќна и успешна учебна година.