Завршна манифестација на проектот за реконструкција на регионалниот центар

На 9 август 2024 година во реновираните простории на ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ во Куманово се одржа промоција и презентација на реконструкцијата, односно целосно новиот изглед и функционалност на училиштето.
На настанот пред присутните гости се обратија Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, шефот на одел во Делегацијата на ЕУ Александру Албу, Галиа Божанова, тим лидер на проектот „ЕУ за млади“ и директорката на училиштето Весна Трајковска.
Говорниците изразија задоволство од постигнатото, беа најавени нови планови за подобрување на условите за учење и во други регионални центри, а на учениците и професорите им беше посакан успех.
Училиштето е целосно реконструирано со инвестиција од околу 3 милиони евра помош од Европската унија.