Во согласност со Годишната програма за работа на ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“, во период од 3.5.2026 до 8.5.2026 година реализирана е училишна екскурзија во Италија и Словенија за учениците од завршните години од сите струки во училиштето.
Завршната екскурзија опфати посета на градовите Лидо ди Јесоло, Верона, Милано, Венеција и Љубљана со нивните знаменитости како: Куќата на Ромео и Џулиета во Верона, дворецот Сворца, операта Скала и катедралата Дуомо во Милано, плоштадот и базиликата Св. Марко, мостот Риалто, куќата на Марко Поло и големиот канал во Венеција…
Освен запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во западноевропските земји, екскурзијата ги исполни и целите за развивање различни интереси кај учениците, формирање на позитивен однос кон интернационалните културни и естетски вредности, развивање грижа за природата и практикување еколошки навики, формирање на демократски ставови, социјализација, колективна заштита, развивање чувство на патриотизам, толеранција и соживот.






