Средното стручно училиште ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово се трансформираше во Регионален центар за стручно образование и обука (РЦСОО). Формирана е нова организациска структура, а со тоа и нов раководен тим кој ќе треба да ги води процесите на новите функции на Регионалниот центар.
Со цел да ги зајакнат нивните капацитети и да ги интегрираат искуствата од сродните институции, раководниот тим на „Куро Бурназ“ присуствуваше на професионална обука во MIC Šolski center Nova Gorica, Словенија. За врвната експертиза на овој центар говори и штотуку стекнатото признание за „Центар на извонредност во стручното образование“ врачено од страна на ETF – European Training Foundation
Покрај оваа обука, швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк веќе подолго време ги поддржува професионалните обуки за наставничкиот кадар во првите три регионални центри за стручно образование и обука и тоа „Киро Бурназ“ од Куманово, РЦСОО Моша Пијаде – Тетово и РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид.