ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

carshow2

Стручно-истражувачка екскурзија за ученици од секторите Машинство и Сообраќај, транспорт и складирање – 2026

Од 20.03. до 21.03.2026 година учениците од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово од секторите Машинство и Сообраќај, транспорт и складирање, во придружба на своите наставници Виолета Симоновска, Стефан Бранковиќ, Наталија Гелевски и Стефан Петковски реализираа дводневна стручно – истражувачка екскурзија во Белград, Република Србија.

Согласно програмата, учесниците имаа можност да ги посетат:  

Машински факултет – каде имаа презентација од тимот на Формула Студент „Друмска стрела“ во кој учествуваат 15 факултети и заедно со свој ентузијазам имаат изградено 9 болиди за учество на престижни меѓународни натпревари.

Аеротехнички институт – посета на најатрактивната и единствена во светот лабораторија Аеротунел „Мирослав Ненадовиќ“.

Сообраќајен факултет – презентација и отворен ден за средношколци со мала закуска.

Музеј за наука и техника – каде имаше можност да се види технолошкиот развој и неговото влијание врз животот на луѓето, организиран во четири дела: тркало машина-мотор, комуникација, човек и технологија и мерка и број. Прикажани се предмети што сведочат за тоа како луѓето живееле и работеле во Србија; старите технологии и развојот на електрификацијата во Србија, како и за тоа како и каде пловеле парните бродови, како се печатело без печатач, како изгледале првите домашно произведени компјутери или зошто асинхрониот мотор на Тесла е револуционерен изум. DDOR BG CAR SHOW 09 (изложба на автомобили) и 18 Меѓународен саем за мотоцикли, квадвозила, скутери и опрема „MOTOPASSION“ го оправда статусот на најважниот настан во областа на автомобилската и мотоциклистичката индустрија. Овогодишната ѕвезда на DDOR BG CAR SHOW е автомобилот Vanquish Volante , престижна марка на Aston Martin , чија цена е половина милион евра без придружна опрема. Овогодинешниот DDOR BG CAR SHOW 09 има 216 изложувачи како што се: Alfa Romeo, Aston Martin, Audi, BMW, Citroen, Mazda, Skoda , Toyota, Renault , Leapmotor C10, Hyundai , Fiat итн.