На 27 февруари, во Скопје Сити Мол се одржа третото издание на Саемот за образование и кариера – најважниот настан што ги поврзува младите со универзитетите, академиите и компаниите во земјата.
🎓 Матурантите од ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ” при посетата на Саемот за образование и кариера 2026 имаа можност:
✔️Да ги запознаат универзитетите и факултетите одблиску
✔️ Да добијат информации за студиски програми, уписни рокови и стипендии
✔️ Да откријат академии за современи и дигитални професии
✔️ Да разговараат со претставници од компании за пракса, работа и кариерен развој
✔️ Како и да присуствуваат на панел-дискусии и работилници за вештини потребни на пазарот на труд.
✅️ Нашата цел е едноставна – младите да донесат одлука за своето понатамошно образование.
Иднината започнува тука…🍀 Заедно во креирање успешна кариера!




