На 09.05.2026 година е реализирана стручно-истражувачка екскурзија – посета на 43-ти Меѓународен конгрес и Саем на козметика и нега на коса во Белград – Република Србија.
Саемот го посетија ученици од I-IV година и наставници од секторите Лични и други услуги, Хемија и технолгија и Здравство и социјална заштита.
Учениците имаа можност да се запознаат и практично да ги применат новитетите во козметиката и фризерството. На саемот беа реализирани обуки и презентации на нови апарати и препарати за козметички и фризерски третмани, медицински третмани како и бизнис планови за започнување на сопствен бизнис.
На саемот имаше учесници и обучувачи од сите Европски земји.




