На 31.03.2026 година во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ се реализираше работилница со 30 ученици од втора година, насочена кон личен развој и кариерно советување.
🧠 Преку интерактивни активности и работни листови, учениците работеа на откривање на своите топ 5:
✔️ лични карактеристики
✔️ вредности
✔️ способности
✔️ мотиватори
💬 Работилницата поттикна саморефлексија и дискусија, овозможувајќи им на учениците подобро да се запознаат себеси и да ги поврзат своите лични квалитети со идните кариерни избори.
✨ Присутните покажаа активност, интерес и подготвеност за личен и професионален развој.




