Во Региoналниот центар за стручно образование и обука ,,Киро Бурназ” на 19. 11. 2025 година отпочна спроведување на обука за побарувани занимања на пазарот на труд ,,ФРИЗЕР ЗА ЖЕНИ”.
Кандидатите кои што се вклучени во оваа обука се евидентирани како невработени лица кои се јавиле на Јавниот повик за мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“ што го спроведе Агенцијата за вработување на Р.С. Македонија.
Обуката ќе трае три месеци, од кои два месци ќе се спроведува во РЦСОО ,,Киро Бурназ” како теоретска настава и еден месец континуиранa секојдневна практична настава во реални услови кај работодавач – Фризерско студио ,, СТУДИО МЛАДЕНОВСКИ”.



