Мобилност на ученици и наставници во Чаковец, Хрватска

Во рамките на Акредитираниот проект за мобилност на ученици и вработени/кадар во стручно образование и обука за 2024 година на Фондација Агро-центар за едукација, во периодот од 17.06.2024 година до 30.06.2024 година успешно се спроведе двонеделната програма за мобилност на 12 ученици од земјоделско-ветеринарната струка од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово во реномирани земјоделски компании во Чаковец, Хрватска.

Во периодот од 17.06.2024 година до 22.06.2024 година успешно се спроведе и еднонеделната програма за мобилност со посета на работни места на 4 наставници од земјоделско-ветеринарната струка ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово.