Од 9-12 мај се одржа последната мобилност во рамките на проектот Skills for life од Еразмус+ програма во Кехна, Естонија. Претставници од нашето училиште беа професорките Фросина Стојановска, Александра Димковска, Билјана Тодоровска и Даница Цветковска Милановска и пет ученика Филип Митевски, Марко Тоневски, Кристина Велковска, Мила Додевска и Теа Велковска. Мобилност беше можност учениците да го претстават училиштето и нашата држава , а научија и како низ забава и игра да ги подобрат своите вештини за тимска работа и лидерство. Покрај Кехна, учесниците ги посетија и градовите Талин и Тарту.