Во нашето училиште беа реализирани воведни работилници за кариерно советување, наменети за учениците од I до IV година.
Преку работилниците,учениците имаа можност да се запознаат со значењето на кариерното планирање, самопроценката на сопствените интереси, способности и вештини, како и со важноста од навремено и одговорно донесување одлуки поврзани со нивната иднина.
Преку интерактивни активности, разговор и размена на мислења, учениците беа поттикнати да размислуваат за своите професионални интереси, можности за понатамошно образование и идниот кариерен развој.
Работилниците претставуваат значаен чекор во процесот на поддршка на учениците при изборот и планирањето на нивниот професионален пат.



