ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

ЈЗУ Општа болница1

Нова соработка за подобра иднина!

На 18 мај 2026 година беше потпишан договор за официјална соработка помеѓу ЈЗУ Општа болница Куманово и ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ за учебната 2026/27 година.

Оваа соработка, под раководство на Директорите Сузана Максимовска и М-р Сашо Стошевски, има за цел да овозможи практична настава на учениците во реална болничка средина, каде ќе стекнуваат современи знаења и практични вештини, под менторство на стручни медицински кадри.