ЈАВЕН ПОВИК до невработени лица за вклучување во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:

Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум основно образование:

– Готвач – Тетово, Скопје, Струга

– Козметичар за нега на лице и тело – Битола

– Негувател/ка на стари и немоќни лица – Тетово

– Негувател/ка за самостојно живеење на лица со попреченост – Скопје

Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум средно образование:

– Службеник за сметководство – Штип

– Негуватели на деца – Тетово

– Дигитален Маркетер – Скопје, Битола

– Фризер за жени – Куманово

– Готвач – Гостивар

– Изработувач на пица (Пица мајстор) – Гостивар

Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на истата кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец.

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 12.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката. Повеќе информации: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx