Учениците од прва година, во соработка со наставниците Емилија Јовановска и Силвана Јосифовска – Тасиќ, како и стручната служба и образовните асистенти симулираа ситуации коишто се несекојдневни за учениците и како да се справат со истите.
Воедно, укажаа на позитивните примери за инклузијата кои го прават училиштето едно помеѓу ретките училишта кои максимално се заложуваат за ефикасна и функционална инклузија.





