ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

simpozium

Глобален симпозиум: Партнерство за извонредност, Торино 2026

На 8 јули 2026 година во Торино, Италија се одржа Глобален симпозиум: Партнерство за извонредност како дел од придонесот на Европската тренинг фондација (ETF) кон иницијативата „Кон глобална агенда за стручно образование и обука – Towards a Global TVET Agenda (TGTA) “, финансирана од германското федерално министерство за образование, семејни прашања, постари граѓани, жени и млади (BMBFSFJ), спроведена во партнерство со ILO, OECD и UNESCO-UNEVOC и WorldSkills како придружен партнер, а координирана од Германскиот федерален институт за стручно образование и обука (BIBB).

На Симпозиумот зедоа учество 60 претставници од 24 земји од 4 континенти: експерти, креатори на политики, преставници на Министертства за образование и Центри за стручна извонредност и други засегнати страни кои беа фокусирани на следните активности:

  • Мапирањето на пејзажот за сличностите и разликите во пристапот на земјите кон развој на Центрите за стручна извонредност;
  • Добри практики од имплементација на производствени единци во Центрите за изонвредност.
  • Презентацја на иницијативата VET Policy Playbook и финалниот нацрт на компендиумот дизајниран да ги инспирира креаторите на политики да се справат со различните предизвици во зајакнувањето на Центрите за стручна извонредност.
  • Краток преглед на работата на моделот на партнерство за предизвици.

Имајќи во предвид дека стручната извонредност е колективен потфат, настанот обезбеди простор за дијалог, размена и соработка, како и можност за споделување на сознанија и заедничко размислување за тоа како да се обликува иднината на стручната извонредност.

Поканата и присуството на претставник од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ на Симпозиумот претставува уште една потврда и признание за напорите што нашата институција ги вложува за развојот на извонредноста во стручното образовение и обука на регионално, национално и интернационално ниво.