ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ на 21-22 октомври беше домаќин на првата работна средба од Еразмус+ проектот FLIGHT “УЧЕЊЕ ВО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА УПОТРЕБА НА ДРОНОВИ ВО ИДНИНА”.
Темата на овој прв состанок беше „Употреба на дронови и иновативна технологија во земјоделство“, претставување на методи и апликации во функција на преземање на мерки за спречување на елементарни непогоди (пожар, поплави, земјотреси и сл.), кои предизвикуваат огромни штети во земјоделското производство.
На првиот договорен дводневен состанок во Куманово, присуствуваа координатори од земјите учеснички Турција, претставувана од повеќе институции: технички факултет GEBZE од Кочали, Претпријатие за водовод и канализација од Газиантеп, сектор за образование од градот Дарича, средно училиште од Словачка, VET центар од Италија и приватна фирма од Португалија.


