На 11.05.2024 година се одржа Државниот натпревар по англиски јазик за средни училишта. Учениците од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ постигнаа одлични резултати:
Владимир Павловски (I-2 паралелка, ментор Александра Димковска) – втора награда;
Марио Додевски (I-7 паралелка, ментор Александра Димковска) – трета награда;
Мила Додевска (II-6 паралелка, ментор Елена Славковска) – пофалница за успешно учество;
Теа Велковска (II-7 паралелка, ментор Елена Славковска) – пофалница за успешно учество.