Со многу креативност, ентузијазам и желба за учење и истражување,заедно со нашите ученици, го уредивме „Нашето катче“ – Кариерниот центар во нашето училиште!
Ова е место каде што идеите се претвораат во цели, интересите во можности, а соништата во планови за иднината.
Заедно создаваме простор за учење, истражување, инспирација и професионален развој!
Бидејќи секоја успешна кариера започнува со еден сон, една идеја и вистинска поддршка на вистинското место!
Кариерен центар- место каде што започнува иднината!







