На 03. 06. 2026 година беше организиран завршен настан на проектот ,,Систем за собирање на дождовница ” од UP Shift процесот.
Пред присутните гости беше представен системот кој што беше изработан од нашите ученици кординирани од нивниот ментор Мартин Јовановски. Целиот процес започна на почетокот на учебната 2025/26 година и се одвиваше низ повеќе фази, следен и контролиран од невладината LOAD, во соработка со МОН и БРО. Во рамки на проектот беше обезбеден и инсталиран подземен канистар од 3500 литри за собирање дождовница, кој е поврзан со систем за наводнување на училишниот двор. Нашите ученици на овој начин ја покажаа својата визија за борба со климатските промени, заштеда и користење на природните ресурси, заштита на околината и одржлив развој.



