ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

Ековита

Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија

На 28.10.2025 година во училиштето ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ” Куманово во соработка со здружение на граѓани „Ековита“ од Неготино се реализира едукативна практична работилница за одгледување печурки и обука за циркуларна економија.

Учениците од земјоделско-ветеринарна струка имаа можност да научат како се одгледуваат печурки буковки, преку практична настава организирана од здружението „Ековита”, а кога знаењето се комбинира со ентузијазам и тимска работа – резултатите се извонредни!

Учениците со голем ентузијазам учествуваа во сите фази од процесот: подготовка на подлогата со внесување мицелиум во претходно пастеризирани вреќи со дрвени струготини,  следење и грижа за одгледување на печурки и циркуларна економија, а еве ги резултатите по неполн месец – првите вкусни и хранливи буковки!

Целокупната опрема, супстрат и семенски материјал е дониран за едукативни и практични потреби на училиштето.

Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.

Знаеме дека иднината е во циркуларната економија!

Заедно создаваме генерација која знае дека иднината е во одржливото земјоделство и иновативните практики што ја движат економијата напред.

Продолжуваме кон следно ниво – нови активности, нови проекти и нови успеси!