По повод Денот на планетата Земја, ученици од нашето училиште учествуваа на настан што се одржа во Занаетчиски дом, на покана на Здружението на писатели – Книжевен клуб Куманово.
Со многу креативност и инспирација, учениците се претставија со поетски и ликовни творби посветени на зачувувањето на природата и значењето на нашата планета.
Активностите беа реализирани под менторство на наставниците по македонски јазик и литература и ликовна уметност, кои ги поттикнаа учениците да ја изразат својата свест, љубов и грижа кон Земјата.
Да ја чуваме природата – таа е наш единствен дом!





