ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

licni karakteristiki2

Работилница “Способности, вредности, лични карактеристики и мотиватори”

На 31.03.2026 година во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ се реализираше работилница со 30 ученици од втора година, насочена кон личен развој и кариерно советување.

🧠 Преку интерактивни активности и работни листови, учениците работеа на откривање на своите топ 5:

✔️ лични карактеристики

✔️ вредности

✔️ способности

✔️ мотиватори

💬 Работилницата поттикна саморефлексија и дискусија, овозможувајќи им на учениците подобро да се запознаат себеси и да ги поврзат своите лични квалитети со идните кариерни избори.

✨ Присутните покажаа активност, интерес и подготвеност за личен и професионален развој.