👩💻📖На 05.03 и 06.03.2026 година во рамки на активностите за кариерно советување, во училиштето се реализираа работилници со ученици од прва и втора година на тема „Креирање визија за иднината“.
✅️Преку интерактивни активности и дискусии, учениците имаа можност да размислуваат за своите интереси, способности и лични цели. Тие разговараа за можните образовни и кариерни насоки, како и за чекорите што треба да ги преземат за да ја остварат својата визија за иднината.🍀
✅️Работилницата придонесе за зголемување на мотивацијата, самодовербата и поттикнување на учениците навреме да размислуваат за својот личен и кариерен развој‼️




