Проектот СУПЕРУЧИЛИШТА е финансиран и поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO) и се реализира со партнерска соработка помеѓу Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од Куманово и Угоститељско-прехранбена школа Чачак, Република Србија. Под темата „Споделување оброк – обликување на иднината“, учениците и наставниците од двете образовни институции ја продолжуваат соработката која трае веќе 2 години. Акцентот беше ставен на градењето мир и меѓукултурен дијалог користејќи ја храната како универзален поврзувач.
Втората размена беше реализирана во период од 23 – 28 Февруари 2026 година, домаќин беше Угоститељско-прехранбена школа Чачак, а учество земаа 15 ученика и 2 наставника од ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ и 15 ученика и 2 наставника од Угоститељско-прехранбена школа Чачак.
По приемот од училиштето со поздравен говор на директорката и пригодна програма организирана од учениците, следеа бројни активности кои вклучуваа работилници за помирување и градење дијалог низ игри организирани од педагошката служба на училиштето домаќин, меѓукултурни работилници за готвење, посета на музеи, природонаучен центар и манастири во Овчар Бања со придружен водич. Посебен ден беше издвоен и за посета на меморијалниот центар Шумарице и Првата гимназија во Крагуевац каде учениците имаа прилика да го поврзат минатото со сегашноста и да ги согледаат катастрофалните последици што ги носат конфликтите и војните.
Покрај задолжителните активности, учениците имаа можност во слободното време да стекнат нови пријателства со своите врсници од Србија. Поврзувањето на младите од различни средини претставува клучен фактор за градење на толерантно општество. Преку директна комуникација и социјализација, учениците развиваат емпатија и ги рушат стереотипите и предрасудите.














