ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово

648883250 1512526160874451 3661240331306835284 n

Успешно реализирана обука „Фризер за жени“

Во ДСУ-РЦСОО ,, Киро Бурназ“ успешно e реализирана обука „Фризер за жени“, спроведена во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Во текот на обуката учесничките имаа можност да стекнат теоретски знаења и практични вештини од областа на фризерството – нега на коса, шишање, фенирање, боење и белење  изработка на различни фризури.

Оваа обука придонесува за зголемување на можностите за вработување и самовработување, како и за развој на професионални компетенции во услужниот сектор.

👏 Им честитаме на сите учеснички за успешно завршената обука и им посакуваме многу успех во нивниот понатамошен професионален развој!

👍 Ова е само почеток на нивниот пат кон нови можности, самодоверба и професионален успех.

✂️ Од желба до професија!